Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска спроведоа координирана акција и претреси на повеќе локации. Според неофицијалните информации, меѓу приведените лица се наоѓа и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев.
Од Обвинителството ја потврдија акцијата, но не соопштија детали за истрагата, наведувајќи дека истата е сè уште во тек. Богоев и неколку други лица се сомничат за финансиски злоупотреби сторени во рамките на Царинската управа.
Богоев ја извршуваше функцијата директор на оваа институција од 2023 до јули 2024 година. Јавноста сè уште очекува официјално соопштение од надлежните органи во врска со конкретните обвинувања против него.



