Земјоделците ширум Косово се соочуваат со сериозни финансиски предизвици, откако ветените 7 милиони евра субвенции се уште не стигнале до нивните сметки. И покрај тоа што пролетните работи се веќе завршени, земјоделците се принудени да работат под притисок на високите цени на горивата и земјоделските репроматеријали.

Според претставници на секторот, Министерството за земјоделство сè уште не ја отворило програмата за аплицирање. Како причина за доцнењето се наведува подготовката на соодветните административни упатства, што дополнително ја отежнува состојбата на терен.

Експертот за агрокултура, Решат Ајвазај, предупредува дека овие одложувања имаат директни последици. Според него, навремената исплата на субвенциите е клучна за намалување на производствените трошоци и за зголемување на конкурентноста на локалните земјоделци на пазарот.

Додека земјоделците чекаат на деблокада на средствата, секторот останува во неизвесност, очекувајќи побрза реакција од надлежните институции за надминување на овој економски застој.