Граѓаните низ Северна Македонија денеска ги очекува сончево време со мала до умерена облачност. Иако претпладнето ќе биде стабилно, атмосферата ќе стане нестабилна како што ќе одминува денот.

Во попладневните часови се очекува појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Во главниот град, Скопје, времето ќе биде слично. Додека утрото ќе биде пријатно, во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови, придружени со слаб до умерен северозападен ветер.

Температурите ќе се движат од 9 степени во утринските часови до максимални 34 степени во текот на денот. Овој тренд на променлива облачност и сончеви периоди претпладне се очекува да се задржи до крајот на работната недела, со постојана можност за попладневни локални врнежи и грмежи.