Градот Скопје информира дека денес и утре, на 1 и 2 јуни 2026 година, ќе се спроведе воздушна дезинсекција на подрачјето на град Скопје, со цел сузбивање на возрасните форми на комарци.

Третирањето ќе се врши во раните утрински часови. Доколку временските услови не дозволуваат безбедно прскање, активностите ќе се одложат за следниот ден, кога временските прилики ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчели, со оглед на тоа што средствата што се користат при дезинсекцијата може да бидат штетни за пчелните семејства.